Search

Груевски не е разочаран од Јанкулоска и Јанакиевски

Азилантот Груевски во интервјуто за ТВ Сител рече дека ги разбира поранешните соработници кои на одреден начин се оградуваат од него бидејќи се под притисок, мислејќи на Миле Јанакиевски и Кирил Божиновски.

-Кога се носеше законот за двојазичност, јавно порачав на Заев нека ме апси и да ја остави државата, но напротив, не се откажа од тиранската платформа, го смени името, направија штетен договор со Бугарија и се што можеше да апсат испоапсија. Ако се откажеше јас ќе се пријавев да бидам жртва.Нивното апсење по моето бегство е само доказ дека станува збор за политички прогон. Ни криви ни должи се уапсени. Имам информации дека и двајцата беа ставени на список за притвор за слуајот „Талир“. па власта ја искористи можноста претходно да ги затвори на десетина дена. Не сум разочаран од нив, под тежок притисок, во тешка ситуација беа бидејќи на власта и се случи ситуација каде покажа дека по не знам кој пат дека се неспособни па удри по нив. Затоа не им се лутам и ги разбирам, рече Груевски.

Во однос на исклучувањето на Сашо Мијалков од партијата поради вршење на притисок врз пратениците екс премиерот рече дека тој самиот не правел притисоци.

-Не сум вршел никакво влијание врз пратеници, знаете како гласав и не можам да гласам едно, а друго да барам од други. Се збори дека Мијалков така постапил, но не видов докази, за сега нема ама се надевам дека ако има во иднина ќе се видат. Не се мешам во одлуките на партијата. Гордана даде една така реакција, но ги знам ставовите нејзини, сме работеле долго време заедно. Сум примал сугестии од луѓето со кои сум соработувал, тогаш сметале дека тие одлуки се најдобри, сега може мислат поинаку, но тоа е од што сметаат дека на тој начин ке се намали притисокот врз нив, тоа е мое мислење. Не сум лут ниту разочаран, рече Груевски.

Треба да знаете
Последни објави