Search

Азилантот Груевски: Не работам, се гледам со вистинските пријатели и подготвувам мемоари

Во првото интервју по бегството од Македонија и добивањето на азил во Унгарија, поранешниот премиер Никола Груевски во интервју за телевизија Сител во Будимпешта раскажа како живее  и што прави како азилант. Не работи, се среќава со пријатели и подготвува мемоари.

– Живеам без ограничувања, немам обезбедување, не ми е ниту потребно оти имам многу пријатели тука. Не се точни шпекулациите дека живеам во хотел каде се плаќа по 1.000 евра од ноќевање. Бев првите два дена во хотел и тоа за многу помала цена од таа. МИ помогнаа пријатели и ме поканија кај нив и сега на тој начин го реив тоа прашање. Се уште немам никаков ангажман, не работам во Народната банка на Унгарија како што се зборува,  вклучен сум во многу други активности, имам многу движење, состаноци, но веројатно во иднина ќе разработам работи поврзани со евентуален мој ангажман па ќе видиме, вели Груевски.

Тој се слуша и се гледа со многу пријатели и познаници од партијата, но состојбата во која се нашол го увериле дека не се сите вистински пријатели.

-Можам да кажам дека висок процент, можеби 90 проценти ми се пријатели, но десетина не и тоа е една од придобивките од она што ми се случи. Тоа не може да се препознае во нормално време. Сеге препознава луже што и порано биле лицемерни, но тие се малцинство и тоа ме радува. Но кои се вистинските пријатели, а кои не ќе оставиме за моите мемоари, рече Груевски.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави