Search

Русковска: Според сведокот С1, Груевски дал наредба на Чавков да ги организира немирите во собранието

Поранешниот премиер Никола Груевски ги организирал немирите во собранието на 27 април, а потоа ги оставил обвинетите на немилост, рекол сведокот С1, рече обвинителката Вилма Русковска на денешното рочиште за „Крвавиот четврток“.
Таа посочи дека од сведочењата на повеќе сведоци во судницата се покажа дека обвинетиот Митко Чавков свесно не преземал никакви дејствија за справување со ситуацијата и дека ништо таа вечер не било случајно.
-Сведокот С1 каже дека Јане Ченто бил на линија со Чавков и постојано комуницирале, тој директно ги организирал настаните, по кои заедно со Нинџа постојано се сретнувале со Чавков на кого му биле лути дека ги организирал по наредба на Никола Груевски, а потоа ги оставиле на цедило. Сведокот Горан Ѓоргиевски наведе дека по 19 часот му се јавил Сашо Митевски Хитлер дека народот е влезен, а тој му се јавил на Чавков кој го информирал дека координира и дал на Пешов насоки се што има во база да се исфрли надвор пред собрание, ама никој не дал наредба од дома да се повикаат ЕБР. Произлегува дека Чавков немал намера да издаде наредба. Сведокот Агим Нухиу кажа дека неколку пати испратаил СМС и го барал, но Чавков не му се јавувал. Потоа добил одговор дека нема можност да ескалира ситуацијата и дека надвор нема проблеми. На наредната порака дека сите влезови биле блокирани не добил одговор. Кога вечерта во МВР го видел и го прашал зошто не реагирал, Чавков одговорил „што ме прашуваш надвор народ се случува“. Обвинетиот Нинџа наведува дека Чавков бил во штабот на ВМРО-ДПМНЕ и давал наредби. Имаме оперативна акција, опрративен штаб и златна команда. Масата народ ја скока оградата, а златната команда е во штабот на ВМРО. И ништо не презема. Ова е доказ дека тој ден све што се случуваше не беше случајно, рече Русковска.
Треба да знаете
Последни објави