Search

Русковска му се извини на Југ што пак го напишале Македонец

Обвинетелката Вилма Русковска на денешното рочиште за „27 април“ најпрво му се извини на Игор Југ бидејќи во обвинението пак го напишале Македонец по националност, на што тој претходно реагираше.

– Многу работи се случија од почетокот на судењето до сега, внатре во судницата и надвор. Кога велам внатре мислам на сведочењата на Мрѓа, Ременски…што кај нив предизвикаа такви емоции кои кај мене предизвикаа чуство на горчина и срам зато што таа траума ја доживеале внатре во собранието. Кога кажав надвор мислам на Законот за амнестија кој како политичка одлука изврши големо влијание на неказнивост и тоа е усшете горчина што ја доживеав како граѓанин на ова држава. На судот не треба да влијае тоа што некој се соочува со  десет години затвор, а друг е амнестуран туку фактите и доказите. Силното владеење на правото е темелена основа на судството и тоа не треба да го заборавиме, рече Русковска во завршните зборови.

(Д.В.)

Треба да знаете
Последни објави