Search

Завршни зборови на ОЈО за „крвавиот четврток“: Југ сакал да пука во Заев, Дурловски за пари ги предводел протестите

Обвинителката Вилма Русковска во завршните зборови за случајот „27 април“ наведуваше куси заклучоци од обвинението за секој од обвинетите посебно, па нагласи дека Игор Југ и Јане Ченто имале пиштоли и сакале да пукаат во Зеав, а Игор Дурловски добивал пари за да ги води протестите за „Заедничка Македонија“.

Според изјавите на сведоци, Југ и Ченто имале пиштоли и имале намера да ги убијат Заев, Села и Манчевски. Кога од обезбедувањето испукале куршум во воздух Југ се фатил за половината и го зел пиштолот и го репетирал. Заев во својот исказ директно го посочи Југ дали нишанел и барал ќиста мета за да пука. Од снимките се гледа дека Југ физички го нападнал новинарот Тантуров од Мета, рече Русковска.

Според неа, од сведочењата произлегува дека Дурловски, заедно со Богдан Илиевски и Владо Јовановски биле исплаќани од Кирил Божиновски да ги организираат и водат протестите за „Заедничка Македонија“, па Дурловски тоа не го правел од идеолошки, туку од материјални побуди.

-Смело е што се коцкаше со судбината, но криминално е да се коцкаш со иднината на државата”, рече Рускоска и потсети дека му се заканува казна затвор од најмалку 10 години.

(Д.В.)

Треба да знаете
Последни објави