Search

Бејли во март ќе ѝ стави крај на дипломатската кариера

Американскиот амбасадор во Република Македонија, Џес Бејли, попладнево на „Твитер“ објави порака во која ја информира јавноста дека по заминувањето од оваа функција на почетокот од март, ќе замине во пензија и ќе ѝ стави крај на дипломатската кариера.

View image on TwitterView image on Twitter

„Денеска пред персоналот од амбасадата на САД објавив дека го напуштам Скопје на почетокот од март, а потоа и ќе се пензионирам од работата во Стејт департментот по 34 години. Ми беше голема чест да работам со овој фантастичен тим, секој ден, во текот на изминатите четири години“, напиша Бејли на социјалната мрежа.

Во следниот објавен твит тој ги оценува американско-македонските односи како најсилни досега и додава дека тоа најдобро ќе го покаже зачленувањето на земјава во НАТО.

На позицијата американски амбасадор во Македонија, Бејли би требало да го замени Кејт Мери Бирнс.

Бирнс во моментот е заменик-шеф на мисијата во Амбасадата на САД во Грција. Претходно, таа била заменик-шеф на мисијата и заменик-постојан претставник во мисијата на САД во седиштето на ОБСЕ во Виена, работела и во американската амбасада во Мадрид, а подоцна била и на дипломатски задачи во Авганистан и во седиштето на НАТО во Брисел.

Треба да знаете
Последни објави