Search

Крвав сериски убиец – касапел хомосексуалци и ги закопувал по дворови

Крвав сериски убиец со 8 убиства зад себе – касапел хомосексуалци и ги закопувал по дворови

Канадската јавност е зачудена зошто Брус Макартур (67), симпатичен и мирен градинар од Торонто, признал дека убил 8 мажи, главно жители на таканареченото геј село.

Жртвите ги убивал во периодот меѓу 2010 и 2017 година, а сите биле поврзани со ЛГБТ групите и имале одредена поврзаност со ЛГБТ собири, а некои биле имигранти од југот на Азија и Блискиот исток.

Мекартур е уапсен минатиот јануари поради убиство на двајца мажи, а како што напредувала истрагата, се утврдило дека тој на душа има осум лица. Полицијата му ја пребара куќата и пронајде големи црни пластични кеси, хируршки ракавици, црна гума за врзување и шприц. Тоа само ги потполни доказите.

Ова беше една од најголемите истраги во историјата на канадската полиција и се водеше по цело Торонто. Инспекторите пребараа неколку десетици куќи имоти кои би имале било каква врска со серискиот убиец, а од архива се извлечени и повторно се претресени и стари нерешени случаи.

Така го забележале и името на Макартур на обвинение за напад во геј селото во 2001 година, кога со метална шипка претепал еден човек. Две години подоцна ја признал вината за тој напад, а полицијата му зела ДНК и му забранила да се доближува до тоа предградие.

Неговото име повторно исплива во случајот со исчезнувањето на мигрантот Скандараџа Наваранама (40), Макартур наводно бил во врска со него. Три месеци подоцна исчезнал и Абдулбашир Фаизи (42), а во ноември 2012 година и Авганистанецот Маџид Кајхан (58).

Полицијата сметала дека тие случаи се поврзани и тргнала го покренала тн. Проект Хјустон – широка истрага. Набрзо е откриено дека некои од исчезнатите мажи се убиени, но никогаш не пронашле непобитни докази за тоа. Меѓу испитаните бил и Макартур, но никогаш официјално не е осомничен.

Во август 2015 исчезнал Соруш Махмуди (50), а истата година полицијата го пронаоѓа телото на Кирушанкумура Канагарантама (37), мигрант од Шри Ланка. Година дена подоцна полицијата го повикала Макартур на разговор зошто еден човек го обвинил дека се обидле да го задави, но градинарот е пуштен на слобода.

И следните две години исчезнале уште тројца: Дин Лизовик, Селим Есен И Ендру Кинсмен. Се утврдило дека Макартур бил во сексуална врска со Кинсмен.

Жртвите Дејвид Мекдерот и Џон Рајли

Тоа веќе биле премногу случаи во кои се споменува името на Макартур. Полицијатапокренува интензивна истрага, а во геј селото почнува паника. Многумина се исселиле. Полицијата брзо го заатворила кругот околу Макартур и го надлегувала 24 часа.

Во јануари минатата година виделе како помлад маж влегува во куќата на Макартур. Тоа им било толку сомнително па упаднале внатре и имало што да видат: момчето лежело врзано, но неповредено. Макартур конечно е уапсен.

Парчиња од телата на неговите жртви ги пронашле во градините во кои Макартур работел. Перверзникот ги убивал, касапел и ги закопувал таму каде што никој не би ги барал. Сите жртви ги фотографирал, а нивниот накит го чувал како спомен за убиството.

Следното сослушување почнвуа на 4. февруари, а ќе сведочат пријатели и роднини на убиените.

Се очекува Макартур за секое убиство да добие доживотрна казна затвор, зошто тоа е највисоката казна која канадското законодавство ја предвидува за убиство со предумисла.

 

Треба да знаете
Последни објави