Search

Вработен на Клиниката за стоматологија заразен со смртоносната бактерија МРСА

Кај вработен на Универзитетскиот стоматолошки клинички центар „Свети Пантелејмон- Скопје“ е пронајдена опасната бактерија МРСА. Од Клиниката за стоматологија смируваат дека нема простор за паника и дека состојбата е под контрола.

Преземени се сите мерки за дезинфекција и изолирање на бактеријата, односно изолиран е вработениот, кај кого била најдена бактеријата. Како што велат од таму, тој не доаѓа на работа, а направена е и комплетна дезинфекција на просториите на катот каде работел заболениот, а во тек е дезинфекција и на сите простории.

„Иако кај ниту еден од останатите вработени нема сомнителни симптоми, сепак превентивно по итна постапка во текот на денот се закажани термини за санитарен преглед на сите вработени во просториите на клиниката“ велат од Клиниката за стоматологија.

МРСА е бактерија којашто е исклучително отпорна на антибиотици, а се пренесува со директен контакт со заболено лице или заразен материјал. Предизвикува опасни крвни инфекции, воспаление на белите дробови или инфекции на местото на хируршкиот зафат

Треба да знаете
Последни објави