Search

Двајца малолетници ограбиле црква во Охрид

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против две малолетни лица од Штип и Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела кражба  и  тешка кражба.

Според полицијата, двајцата во периодот од 25 до 28 декември лани провалиле во црквата „Св.Архангел Михаил“ во Охрид, а потоа и во две куќи на улиците Пирин планина и Петар Поп Арсов.

Со извршувањето на делата пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 40.000 денари.

Треба да знаете
Последни објави