Search

Уништен споменик на Евреите во Солун, наложена е итна истрага

Обвинител во Солун наложи да се спроведе итна истрага откако непознати вандали уништиле еврејски споменик во градот.

Обвинителот Евангелос Зарканцијас вели нападот на споменикот се третира како кршење на грчкиот закон против расизмот, за што се предвидени поостри казни од обичен вандализам, пренесе АП.

Универзитетот во Солун соопшти дека непознати вандали срушиле споменик во кампусот на овој универзитет, кој го одбележува местото каде што некогаш се наоѓале еврејските гробишта.

Универзитетот најави дека споменикот ќе биде повторно изграден.

Старите гробишта се срушени за време на нацистичката окупација на Грција во Втората светска војна, а на нивно место бил изграден универзитет.

Треба да знаете
Последни објави