Search

Независната пратеничка група на средби со Даниелсон и Жбогар

Независната пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ оствари средба со директорот на Директоратот за проширување во Европската комисија, Кристијан Даниелсон, и евроамбасадорот Самуел Жбогар.

„На средбата беа вреднувани нашите заложби да помогнеме во важните реформски процеси кои ` претстојат на Македонија. Како најважни точки беа издвоени реформите во судството, корупцијата, безбедноста и администрацијата. Овие прашања се од исклучително значење за Македонија. Независната пратеничка група ќе биде коректив и ќе се бори за подобри законско решенија и нивна доследна имплементација. Го афирмиравме ставот дека Македонија заслужува шанса во јуни да ги почне преговорите за влез во ЕУ“, соопшти пратеничката по средбата.

Треба да знаете
Последни објави