Search

Косово размислува за нова каднидатура за влез во Интерпол

Косовската полиција работи на обновување на кандидатурата за пристапување кон Интерпол, по неуспехот на земјата да стане дел од меѓународната полициска организација минатата година, објави приштинскиот весник „Газета експрес“.

Генералниот директор на косовската полиција, Рашит Ќалај, изјави дека се разгледува обновувањето на кандидатурата за Интерпол, откако во ноември минатата година, барањето на Косово за влез во полицискиот орган не ја доби потребната поддршка од две третини од членовите на Генералното собрание на организацијата. Ќалај истакна дека борбата против организираниот криминал и корупција се најважните приоритети на земјата и токму поради тоа Приштина се стреми кон членството во Интерпол, а не поради потребата од либерализација на визниот режим со ЕУ или процесот на евроатлантските интеграции.

Треба да знаете
Последни објави