Search

Во експлозијата на нафтовод во Мексико загинаа 115 лица

Бројот на загинати во експлозијата на нафтовод, што пред 10 дена се случи во Мексико, порасна на 115 лица, соопшти мексиканскиот министер за здравство, Хорхе Алкосер.

Тој рече дека уште 32 лица се повредени во несреќата, пренесе новинската агенција АП.

Властите се сомневаат дека несреќата се случила кога крадци се обиделе да украдат гориво и пробиле цевка.

Ова е една од најсмртоносните експлозии на нафтовод во Мексико, во поновата историја.

Треба да знаете
Последни објави