Search

Во Венецуела 35 мртви и 850 приведени за време на протестите

Во Венецуела во период од една недела, за време на протестите против претседателот Николас Мадуро, загинаа 35 лица, а приведени се 850, соопштија неколку невладини организации.

„Имаме проверена бројка со имиња, презимиња и осомничени. Вкупно 35 лица се убиени за време на протестите“, изјавија невладините на прес-конференција.

Меѓу 850 лица кои се приведени, има 77 малолетници, изјави Алфредо Ромеро, кој е директор на една невладина организација, посочувајќи дека се вршеле претреси во домови на сиромашни семејства, без судски налог.

Длабоката поличка криза во Венецуела се зголеми последната недела бидејќи опозицијата врши притисок да се организираат слободни избори.

Претседателот на Парламентот, Хуан Гваидо, се самопрогласи минатата недела на протест за привремен претседател на земјата.

Гваидо, кој има сè поголема меѓународна поддршка, ги повика граѓаните на нови протести оваа недела, в среда и в сабота.

Треба да знаете
Последни објави