Search

Албанци ја влечат за нос италијанската полиција: Идентични близнаци ограбуваат, судот не може да докаже кој е разбојникот

Италијанските судии мака мачат како да осудат сериски разбојник , откако не може да утврдат кој го извршил грабежот од двајцата близнаци.

Пред неколку дена судот во Верона го ослободи Едвард Труши (34) од обвиненијата за извршени тешки кражби , бидејќи ниту со ДНК не можело да се докаже дали на местото на злосторството бил тој или неговито брат Едмонд, идентичен близнак.

Неговиот адвокат , Фабио Порта велид ека ова не е прв пат. Судот неговиот клиент го ослободил и 2016 и 2017 година , зашто не можел со сигурност да идентификува кој стои зад кражбите.

Браќата Труши исто се облекуваат и имаат исти тетоважи , а за судиите е најтешко што имаат идентичен генетски профил , така што може да се идентификуваат само со отисоци на прсти , кои искусните разбојници не ги оставаат на местото на грабежите.

https://youtu.be/FGi7XgDqpwA

 

Треба да знаете
Последни објави