Search

Ѓоковиќ му се заблагодари на Вајда што се врати во тимот што победува

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ денес по седми пат триумфираше на Австралија Опен откако го победи Рафа Надал со 3:0, за вкупно 15-от Гренд Слем во кариерата.

Ѓоковиќ по натпреварот очигледно беше расположен, па направи шоу на прес-конференцијата после мечот, но претходно му се заблагодари на својот тим.

-Се обидувам да ја резимирам целата ситуација во последните 12 месеци. Факт е дека бев повреден, па имав операција … и потоа, после сè, тука сум пред вас. Освоени три титули на Гренд слем турнири, не можам да го опишам со зборови. Сакам да му се заблагодарам на тимот за поддршка. Ова е индивидуален спорт, но вие бевте зад мене. Овој тим го покажа рецептот за успех. Маријан Вајда ти благодарам што се врати, изјави Ѓоковиќ по триумфот.

 

Треба да знаете
Последни објави