Search

Штипјанец ја бранел снаата, па изел ќотек од синот

Штипјанец ја бранел снаата од насилниот сопруг, па изел ќотек од синот, информираше МВР.

Според полицијата, утрово околу  5.30 часот во ПС Штип Д.Д.(46) пријавил дека околу 3.30 часот на улицата Панко Брашнаров во Штип настанала расправија  помеѓу неговиот син С.Д.(26) и неговата сопруга Р.Д.(34).

По расправијата С.Д. почнал даја тепа сопругата, па се вмешал неговиот татко. Тој се обидел да го смири синот и да ја одбрани снаат, но С.Д. физички го нападнал и него.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави