Search

Претепани штипјани за време на боречки натпревар во Скопје

Двајца штипјани биле нападнати во Скопје, за време на одржувањето на боречки натпревар.

Според полицијата, инцидентот се случил вчера околу 15.40 часот во спортската сала во Средното училиште ,,Зеф Љуш Марку” на улицата Лазар Трпковски во Скопје.

Тогаш К.Н.(34) и Г.Н.(44) од Штип, додека се одржувал боречки натпревар, биле физички нападнати од повеќе лица.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави