Search

Ограбени бензинска пумпа и обложувачница

Бензинска пумпа и обложувачница биле ограбени вчера во Скопје, информираше МВР.

Според полицијата, околу 18.15 часот е пријавено дека на бензиска пумпа на улица Македонска Косовска Бригада две непознати лица со закана извршиле разбојништо и ги одзеле парите од дневниот промет и мобилен телефон.

Второто разбојништво се случило околу 21 часот во спортска обложувачница на улица Маџари. Двајца разбојници со пиштол се заканиле на вработените и го зеле дневниот промет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Треба да знаете
Последни објави