Search

Министерство за здравство: Вакцините беа со правилен рок, но законски е да се уништат поради погрешната декларација

Здравствената состојба на пациентите кои се заразија со мали сипаници е под контрола и преземени се сите можни мерки да се спречи понатамошно ширење на епидемијата, велат од Министерството за здравство, како одговор, на како што истакнуваат, неоправданите обвинувања од прес-конференцијата на Ленче Нелоска од ВМРО-ДПМНЕ, која рече дека властите направиле скандал со вакцините на ниво на турска серија.

„Катастрофалната состојба која ја затекнавме беше предизвикана токму од негрижата на здравствените власти во тек на 11 години и биланс од над 15 илјади невакцинирани деца со МРП вакцината и тоа само во Скопје“, наведуваат од надлежното министерство во реакцијата.

Од таму додаваат дека епидемијата на морбили која била искоренета во нашата земја, повторно се вратила поради изгубената доверба на граѓаните во јавното здравство.

„Вакцините со погрешна деклацаија, но со правилен рок на траење, се повлечени од Здравствените домови и како налага Законот мора да се уништат. Со повлекување на вакцината од Здравствените домови повикувајќи се на Законот за лековите и медицинските средства, согласно член 106 став 1 точка 5, оваа вакцина се смета за лек кој не е за употреба. Затоа МАЛМЕД донесе решение да се уништат количините од оваа вакцина“, објаснуваат од министерството во однос на МРП вакцините и додаваат дека вакцинацијата е една од врвните придобивки на современата медицина во светот, а не причина за партиски препукувања.

Треба да знаете
Последни објави