Search

Македонец вработен во пошта во Цирих украл 120.000 франци, парите ги криел во чевлите

Македонец врботен во пошта во Цирих украл над 120.000 франци, вадејќи пари од писмата во кои Швајцарците испраќале пари за учество во лотарија во Австралија. Нашинецот бил уапсен уште во март 2016 година, бил осуден наредната година, но Сојузниот суд деновиве ја одбил жалбата на Обвинителството и ја потврдило казната од условен затвор од десет месеци, дознава 24 Инфо.

Крадецот работел во поштата во Цирих од 2001 година, а во Швајцарија живеел над 30 години. Обвинетиот бил задолжен за поштата во делот International Business Reply Service (IBRS) каде имало писма во кои Швајцарците уплаќале пари за улество во понеделничката лотарија во Австралија. Во пратките имало суми од 10 до 100 швајцарски франци. Крадецот ги изнесувал писмата од просторијата каде се мереле пратките и ги носел во неговата канцеларија каде ги вадел парите.

Тој бил уапсен откако неговиот надлежен се посомневал, па почнал да ја проверува тежината на пратките. Кога неколку дена по ред тежината на пратките била помала отколку утринското вагање, била алармирна полицијата. Македонецот бил фатен со 58 урадени писма од IBRS во кои имало околу 1.700 франци. Видео снимките покажале дека поштарот незаконски ги донел писмата до неговото работно место.

Канцеларијата на сојузниот обвинител претпоставува дека парите ги криел во облеката и чевлите за да ги изнесе од поштата. Македонецот бил обвинет за кражба на вкупно 4.060 писма во периодот од јули 2015 до март 2016 година кога бил уапсен.

Обвинителството проценило дека крадецот украл 122.500 франци, за што побарало казна затвор од три години, од кои 18 месеци условно за комерцијална кражба и прекршување на поштенската тајна. Сепак, кривичниот суд во Белинцона го осудил Македонецот во октомври 2017 година, но само на условна казна затвор од десет месеци, како и  условна казна од 90 дневни глоби од по 130 франци и парична казна од 7.800 франци. Судиите во Белинцона заклучиле дека можеле да се докажат само 750 кражби во периодот меѓу јануари и март 2016 година, односно првите употребливи видео снимки биле од 18 јануари. Според тоа, обвинетиот украл околу 22.500 франци.

Обвинителството ја обжалило пресудата до Сојузниот суд со тврдење дека и кражбите извршени пред 18 јануари се докажани, бидејќи објави дека “Плакат” живеел од јули 2015 до ноември 2016 година, без да се повлече пари од банката. Сепак, Сојузниот суд ја одбил жалбата кон крајот на ноември и ја потврдил пресудата на понискиот суд.

Според медиумите, кржбите на пари во швајцарската пошта не се реткост, па така од 2010 до 2017 година имало од 11 до 27 пресуди секоја година за  прекршување на поштенската тајна, па така во 2016 бил осуден поштенски шофер кој украл 1.500 пакети и писма вредни 70.000 франци.

Треба да знаете
Последни објави