Search

Десетта победа во низа за „Вориорс“, седми трипл-дабл за Јокиќ

Кошаркарите на „Голден Стејт Вориорс“ славеа во Бостон со 111:115 за серија од десет победи во низа, по интересен и неизвесен натпревар.

Најдобар кај гостите беше Кевин Дурент со 33 поени и 9 скокови, додека Стеф Кари додаде 24 поени. За „Бостон“ најдобар беше Кајри Ирвинг со 32 коша и десет асистенции, а Ал Хорфорд имаше 22 поени и 13 скокови.

Никола Јокиќ со својот седми сезонски трипл-дабл го преводеше „Денвер“ до победа над „Филаделфија“ од 126:110. Српскиот центар на 32 поени додаде 18 скокови и 10 асистенции по еден меч суспензија поради влегување на теренот од клупа за време на инцидент.

Резултати од останатите натпревари:

„Њу Орелеанс“-„Сан Антонио“ 114:126

„Мемфис“-„Индијана“ 106:103

„Портланд“-„Индијана“ 120:111

Треба да знаете
Последни објави