Search

(Видео) Жандарм крвнички претепал двајца малолетници кои му го демолирале кафулето

Видеото за брутално претепување на двајца малолетници, за кое се тврдеше дека се гледа како припадник на жандармеријата ги претепува момчињата во Врање, ја потресе денеска Србија.

На видеото се гледа како полицаецот Давор Алексиќ и неговиот пријател Милош Стојменовиќ ги претепуваат малолетниците С.Д. и В.В. во училишен двор. На тепањето му претходело демолирањето на кафулето „Гајба”, чии сопственици се Алексиќ и Стојменовиќ.

Според полицијата, С.Д. и В.В. го кршеле инвентарот и со нож им се заканувале на гостите, па персоналот ги повикал газдите. Малолетниците избегале кон гимназијата каде ги начекале сопствениците.

Обвинителството покренало истрага против Алексиќ и Стојменовиќ, но Судот го одбил нивниот предлог да бидат притворени поради опасност од влијание на сведоците.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави