Search

Џони Деп стигна во Белград

Холивудскиот актер Џони Деп стигна во Белград каде што ќе го снима филмот „Минамата“ во режија на Ендрју Левитас, потврдиле за „Танјуг“ од продукциската куќа „Ворк ин прогрес“.

Претходно директорот на оваа куќа, Александар Тадиќ, рекол дека снимањето на филмот ќе трае седум недели, од кои една недела на црногорското приморје, поточно во Тиват на Островот на цвеќињата, на плажата Калардово и во Жупа.

„Допрва почнуваме со подотовките и пронаоѓање локации. Дел од сетот ќе мора да се гради во студио затоа што се работи за специфичен период и дел од дејството се одвива во Њујорк, а дел во Јапонија“, рекол Тадиќ.

Тој сè уште не знае дали ќе биде ангажиран некој од српските актери.

Деп првпат во Белград беше во 1992 година кога засвири со „Партибрејкерс“, а во 2010 година беше на фестивалот „Кустендорф“.

Треба да знаете
Последни објави