Search

(Фото) Кетрин Денев ја продава својата скапа колекција облека од Ив Сен Лоран

Француската актерка Кетрин Денев ја продава својата голема колекција од скапа облека, вклучувајќи и уникатни парчиња од култниот креатор Ив Сен Лоран.Станува збор з 130 парчиња облека. Дополнителни 146 парчиња облека се веќе понудени на онлајн аукција од 23.

На продажба се костими, фустани, капути, чевли и други модни додатоци.

„Тоа се креации на човек кој беше толку талентиран и кој создаваше само за да ги направи жените поубави“, рекла Денев.

Таа рекла дека ја продава својата колекција облека затоа што ја напуштила куќата во Нормандија, на северот на Франција, каде ја чувала колекцијата со години.Кетрин Денев беше долгогодишна муза на Ив Сен Лоран, еден од најпознатите модни креатори на 20. век кој почина во 2008 година. Денев и Сен Лоран се запознале во 1965 година кога таа имала 22 години и кога требала да оди на прием кај британската кралица. Денев тогаш побарала од дизајнерите да ѝ направат фустан за таа прилика и тогаш се родило пријателството кое траело 40 години.

Треба да знаете
Последни објави