Search

Форумот за демократска Македонија иницира изградба на ,,Парк на дијаспората”

Форумот за демократска Македонија иницира изградба на ,,Парк на дијаспората”. Тие повикуваат на поддршка за изградба на нова зелена оаза во Скопје.

,,Да го заживееме запустениот простор околу студентскиот дом ,,Гоце Делчев”, во кој генерации млади луѓе живееле и студирале, за потоа во многу случаи да заминат на некое далечно место – како и ние – но кои што сакаат да и помогнат на татковината.Првата фаза на “Паркот на дијаспората” ја планираме за оваа година. Со секоја наредна, сакаме да го прошируваме и надградуваме – за да покажеме дека секој позитивен чекор, колку и да изгледа скромно, може да значи битно подобрување.

За успешна реализација, соработуваме со стручни лица кои што ќе помогнат во дизајнот на одржлива зелена површина. Меѓу нив е и деканот на Шумарскиот факултет, кој заедно со свои студенти е спремен да се ангажира во сите фази на проектот. Градската управа веќе ни даде прелиминарна дозвола за овој парк.Она што ни преостанува е да собереме средства до почетокот на пролетната сезона за садење”, се вели во повикот.

За таа цел во тек е собирање на потребните средства. ,,Како секоја гранка на едно дрво, како и секое дрво во еден парк, секој прилог во оваа акција ќе биде дел од нешто поголемо – нов зелен простор за студентите од домот ,,Гоце Делчев,” но и за сите граѓани. Овој наш подарок нема само да го разубави, туку и суштински ќе го подобри урбаниот простор – со секое ново дрво што ќе го прочистува воздухот.Затоа ве повикуваме да дадете свој придонес … 10 – 20 – 30 – 40 – 50… онолку колку можете во моментов, и да поттикнете свои пријатели на други места по светов да го сторат истото.Исто така ги повикуваме и другите иселенички организации да го поддржат овој проект.Животната средина ни припаѓа на сите, и сите имаме одговорност да ја сочуваме и подобруваме, за нас и за идните генерации”, се истакнува во повикот

Треба да знаете
Последни објави