Search

Пуштен во употреба најдолгиот 3D мост во светот

Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот изграден со технологија за 3D печатење. Автор на проектот е тим стручни лица од Универзитетот за архитектура Цингуа вo Пекинг, предводени од професорот Су Вејгуо.

 

Мостот е долг 26,3 метри, а широк 3,6 метри. Новиот мост во шангајскиот кварт Баошан е изграден по модерни градежни техники. Содржи 44 бетонски компоненти изработени со 3D технологија, а безбедносните огради се поделени на 68 единици.

За изработка на бетонските компоненти, печатени со помош на две роботски раце, а за потребни биле 450 часа.

Според проценките, во споредба со конвенционалниот процес на градба, направена е заштеда од 33 отсто од вкупните трошоци.

Треба да знаете
Последни објави