Search

По 14-годишна пауза, Наоми Кембел повторно зачекори на модната писта

Некогаш најплатениот модел во светот, Наоми Кембел, минатата година најави дека планира да оди во „пензија”, но сепак одлучи да прошета на модната писта и тоа сосема гола во проѕирен фустан што ги откри нејзините гради и задникот.

Наоми беше дел од модната ревија во Париз, и многумина се воодушевија кога ја видоа на пистата. Таа се појави во проѕирен црн фустан, во кој се наѕираа нејзините совршено обликувани стомачни мускули и задник. Кембел не се појави на модните писти од 2005 година, но странските медиуми известуваат дека таа останала во пријателски однос со повеќето дизајнери и дека често може да се види во првите редови на ревиите.

Треба да знаете
Последни објави