Search

Лажен повик за подметната бомба во Градската управа во Загреб

Загрепската полиција соопшти денеска дека примила повик за подметната експлозивна направа во загрепската Градска управа, за кој се потврди дека е лажен.

Од полициската управа наведуваат дека околу 14 часот примиле телефонски повик за можна експлозивна направа во Градската управа на плоштадот „Стјепан Радиќ”.

Тие истакнуваат дека полициските службеници при секој таков повик постапуваат на професионален начин, односно го прегледуваат просторот на кој се однесува повикот.

И во овој случај, на местото на настанот направиле антидиверзанстки преглед со кој е утврдено дека се работи за лажен повик.

Треба да знаете
Последни објави