Search

Колку треба жените да вежбаат, а колку мажите?

Кога станува збор за физичката активност, жените кои сакаат да доживеат 90 години би требало да имаат приближно иста тежина како нивните дваесетти години, покажува најновото истражување.

Во истражување на холандски научници биле следени 8.000 мажи и жени во нивните шеесетти години. Ги испитувале за тоа колку килограми имале кога биле млади. Научниците откриле дека жените кои во текот на животот се здобиле со мал број килограми во однос на бројот килограми од младоста, имаат поголеми шанси да ја дочекаат десеттата деценија од животот.

Анализирано е и тоа колку учесниците биле физички активни, се покажало дека мажите биле поактивни со што имаат поголеми шанси да доживеат 90 години.

Најдобар ефект по здравјето на жените има вежбањето од еден час дневно, сè повеќе од тоа со текот на времето почнува да им штети. Во физичка активност се сместени и умерени активности како средување на градината, шетање на кучето, возење велосипед и тимски спортови.

Жените кои биле физички активни меѓу 30 и 60 минути дневно имаат 21 проценти поголеми шанси да ја доживеат деведесеттата година од животот, за разлика од оние кои вежбаат половина час. Шансите за тоа се најголеми ако вежбаат еден час дневно.

Мажите кои вежбаат половина час на ден имаат 34 проценти поголеми шанси да ја дочекаат десеттата деценија од животот, а шансата е за 39 проценти поголема за оние кои вежбаат по 90 минути дневно.

Научниците не знаат зошто вежбањето делува различно на долговечноста на мажите и на жените, но сметаат дека тоа веројатно има врска со хормоните, гените, стилот на живеење и слично.

Треба да знаете
Последни објави