Search

Клуни изјави дека гласините за развод се измислица

По шпекулациите дека една од најпознатите двојки, американскиот актер Џорџ Клуни (57) и неговата сопруга, правничката Амал Аламудин (40) се разведуваат по четиригодишен брак, тој одлучи да ги коментира гласините. Како што објави „Сан”, Клуни им рекол на медиумите дека трачовите за разводот се „чиста измислица” и дека нивниот брак не е во криза.

Инсинуациите за разводот на славната двојка започнаа пред неколку дена. Извор близок до нив рече дека Клуни и Амал имале жестока расправија по што таа се спакувала и си заминала заедно со едногодишните близначки Александра и Ел. Доколку гласините за разводот се покажат како вистинити, нивниот развод ќе „тежи” околу 400 милиони фунти. Освен тоа, ова не е прв пат да се шпекулира дека Клуни и Амал се пред развод. Во средината на 2016 година, извор близок до семејството, како што велат американските медиуми, рече дека Амал не била задоволна во бракот и размислувала за развод. Сепак, ова не се покажа како точно, и набрзо потоа тие добија близнаци

Треба да знаете
Последни објави