Search

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не е решение за проблемот во кој се наоѓа Македонија, СДСМ е проблемот

Две недели СДСМ молчи и бега од избори, обвинуваат преку соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Власта е соочена со стравот од пораз на предвремени парламентарни избори и ја носи државата во пропаст заради нечија лична амбиција да остане уште на власт за да продолжи да ја краде државата и народот.

ВМРО-ДПМНЕ го охрабрува ЦО на СДСМ да собере сили и да покаже барем малку одговорност кон државата и граѓаните и да изгласа предлог за  распишување на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските на пролет.

СДСМ не смее повеќе да бега. Хаосот во кој ја втурнаа Македонија станува се поголем. СДСМ не е решение за проблемот во кој се наоѓа Македонија, СДСМ е проблемот“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека наместо покачување на платите и пензиите, слушаме како владините министри се закануваат со намалување, власта наместо да овозможи пријатна бизнис клима воведува нови регулативи и повисоки даноци за фирмите и граѓаните.

Засегнати се и пазарџиите кои едвај врзуваат крај со крај, а власта размислува како од нив да земе денар плус. Државата и граѓаните се доведени до раб на пропаст“, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави