Search

Аутистичното момче кое никој не сакаше да го вработи, сега има своја фирма

Аутистичен ученик, кој долго време се обидуваше да најде работа, сега одлично заработува откако започна бизнис со чистење канти за ѓубре. Тој има 70 клиенти и мисли и ја прошири работата

Клеј Луис (16) ја основа фирмата „Clay’s Bin Cleaning“ пред повеќе од една година, а досега има стекнато 70 клиенти поради што вработи тројца свои пријатели од училиште.

Младиот претприемач, на кој му е дијагностициран аутизам кога имал две години, заработи повеќе од 6.000 долари.

Клеј им наплаќа на своите клиенти по 10 долари за канта и 5 долари за секоја дополнителна канта.

ваа работа ја започна со помош на неговата мајка Лора Луис откако не можеше да добие работа што би ја работел по наставата и со која би можел да заработува џепарлак, пишува „Дејли мејл“.

Целта на г-ѓа Луис е нејзиниот син да стане целосно независен член на заедницата, кој не мора да се потпира на социјална помош поради својата попреченост.

Клеј не е сигурен што ќе стори по завршувањето на средното образование, но вели дека постои опција да ја прошири својата работа и на чистење на дворот.

Тој ја штеди својата заработувачка бидејќи еден ден би сакал да замине во странство на одмор, особено во Дубаи на „Формула 1“.

Треба да знаете
Последни објави