Search

Албанија: Масовен антивладин протест на 16 февруари,заминувањето на Рама национална мисија

По одлуката на здружената опозиција за масовен антивладин протест на 16 февруари, лидерката на Социјалистичкото движење за интеграција,Моника Круемади,ги  повика абанските граѓани да се придружан на протестите,зашто,како што рече „национална мисија е заминувањето на премиерот Еди Рама”.

-Заминувањето на овој човек е национална мисија, бидејќи секој ден се повеќе и повеќе овој човек не само што ја ограбува Албанија, не само што ги ограбува сиромашните, не само што ја уништува Албанија, туку овој човек се повеќе го уништува своето семејство, своите луѓе, бидејќи тој не сваќа дека влегол на патот од каде нема  враќање. Кога криминалот ќе те фати од глава, повеќе нема да те пушти. Затоа, Еди Рама треба да замине за да ја спаси Албанија и Албанците еден час порано,- изјави Круемади.

Сега,посочи таа, имаме еден датум а тоа е 16 февруари, ден кој го означува почетокот на протестите на опозицијата.

-Но, за волја на вистината, протестот на Албанците дури и не започнува и не завршува на 16-ти февруари. Протестот на Албанците започна со протест на жителите чии домови власта сака да ги урне заради изградбата на новата голема обиколнца во Тирана, кои ја открија шемата како владата ги краде Албанците. Имаме студентски протести веќе педесеттина дена кои отворено и без каква била организација, се солидаризираа едни со други против грабежот, девалвацијата и незантересираноста на оваа влада, која  секогаш беше незантересирана за своите граѓани,обвини Круемади.

Правејќи споредба со масовните протести во 90-те годни од минатиот век таа рече дека има мала разлика.Тогаш,рече, урнавме една биста(на Енвер Хоџа во Тирана) и еден систем, а сега  во 2019 година „ќе урнеме една  клика, многу повеќе инкриминиран и далеку полош систем од оној што го поминавме”.

Треба да знаете
Последни објави