Search

Авторката на „Педесет нијанси сива“ издава нов еротски роман

Авторката на романот „Педесет нијанси сива“ Ерика Леонард Џејмс (55) наскоро издава нова еротска книга која ја најавува како „Романса на Пепелашка за 21 век“.

Романот ќе се вика „Мистер“, а во Велика Британија и Северна Америка на полиците на книжарниците ќе се најде на 16 април, извести нејзиниот издавач „Винтаж букс“.

Дејството се одвива во Лондон и во источна Европа, и е фокусирано на приказната за англиски аристократ што го заведува мистериозна, музички талентирана млада жена, која неодамна пристигнала во Англија, открива издавачот.

Многу сум возбудена што ќе биде објавена оваа страсна романса. Приказната е за Пепелашка од 21 век. Максим и Алесија ме одведоа на фасцинантно патување и се надевам дека моите читатели ќе бидат воодушевени од нивната возбудлива и сензуална приказна”, кажа Џејмс.

Трилогијата „Педесет нијанси сива“ на Џејмс беше објавена во 2012 година. Таа веднаш стигна на врвот на листата на најпродавани книги во светот со продадени 150 милиони примероци. Филмското студио „Јуниверзал пикчрс“ сними три филма според романите, заработувајќи повеќе од една милијарда долари на глобалниот пазар.

Сè уште не е познато дали според новиот роман ќе се сними и филмска верзија

Треба да знаете
Последни објави