Најмалку 30 луѓе загинаа во Индонезија, откако пукнала брана поради обилните врнежи од дожд кои ја погодија покраината Јужен Сулавеси. Многумина биле принудени да бегаат од своите села, објавиле властите.
Во инцидентот, 25 луѓе се исчезнати, над 3000 се евакуирани од своите домови, а 46 со сериозни повреди се хоспитализирани.
Индонезиската агенција за катастрофи поставила привремени засолништа и кујни за жителите кои бегаат од водата, која достигнала еден метар и ги поплавила селата во покраината, вклучително и подрачјето на главниот град Макасара.