Search

Џон Траволта откри дека Скиентолошката црква му помогнала да ја надмине семејната трагедија

Џон Траволта пред десет години го изгуби својот 16-годишен син кој се бореше со аутизам и Кавасакиева болест. Џет Траволта почина откако ја удри главата кога доби напад на Бахамите, а родителите одвај ја преживеаја трагедијата.

Познатиот актер во разговор за USA Today кажа дека Скиентолошката црква му помогнала да се соочи со трагичната загуба.

„Црквата никогаш не нè напушти во текот на две години, не знам дали ќе можев да преживеам без нивна поддршка”, рече актерот „нашата црква е првото нешто што нè тера да стоиме цврсто на земјата”.

Траволта и неговата сопруга, Кели Престон, денес се целосно посветени на семејството. Родители се на 18-годишната ќерка Ела и на осумгодишниот син Бенџамин, околу кои се врти целиот нивен свет.

Треба да знаете
Последни објави