Search

Со суперлепак ѝ ги залепил рацете на продавачката, па го ограбил сефот

Досетлив арамија вчера со суперлепак ѝ ги залепил рацете на продавачка на каса и побегнал со парите од сефот на продавница во јужниот германски град Инголштад.

Крадецот вооружен со пиштол влегол во продавницата за облека пред отворањето, збунувајќи ја продавачката, која кога ја слушнала вратата помислила дека тоа е нејзината колешка, соопшти полицијата.

Потоа тој ја принудил да го отвори сефот, од каде украл 2 000 евра.

Педесет и двегодишната продавачка успеала да го повика својот братучед и покрај тоа што не можела да стори многу во таква ситуација, изјавиле од полицијата.

Потоа, братучедот повикал итна помош и полиција.

Треба да знаете
Последни објави