Search

Нема убиени во престрелката во Маџари, еден тешко повреден, двајца приведени

Едно лице е повредено, а двајца биле приведени во престрелка што претпладнево се случи во скопската населба Маџари. Според првичните полициски информации, инцидентот се случил во 11 часот, на улицата Благоја Стефковски.

Според неофицијални информации, во престрелката учествувале две семејства кои од порано имале нерасчистени сметки. Пукањето продолжило и по околните улички поради што неколку од куршумите завршиле и во возила на случајни минувачи.

Екипата на 24 инфо.мк беше на местото додека екипа на крим-полицијата вршеше увид и се собираа докази за вештачење. На улицата можеше да се забележат три возила, два автомобили „голф“ и еден автомобил „алфа ромео“. Засега не се знае дали сите три автомобили учествувале во крвавата престрелка или некој од нив случајно се нашол на местото.

Жителите на околните куќи не сакаа да коментираат за пукањето.

-Страшно е ова што се случува. Само што се вратив од продавница. Бев дома во моментот кога чув пукање. Пукање среде бел ден, кога местово е полно со возила и со минувачи. Среќа е што не настрада некој случаен минувач. Тоа време и децата ни се враќаат од училиште, ни кажа жител кој живее на само педесет метри од местото на престрелката.

Од МВР засега немаат повеќе информации за престрелака, ниту за идентитетот на повредениот или учесниците во престрелката.

Треба да знаете
Последни објави