Search

Објавен идентитетот на болничарот што забремени Американка која е во кома 14 години

Медицински техничар што требало да се грижи за жена што над десет години била во вегетативна состојба и кома, а која се породи пред еден месец, е уапсен денеска во Феникс.

Полицијата објави дека го уапсила 36-годишниот Нејтан Шатерленд, медицински техничар кој работел во болницата Hacienda Healthcare, каде што жената со години лежела во кома. Тој е обвинет за силување на пациентката, која се породи пред еден месец.

Овој случај го шокира целиот свет кога жена што со години е во несвесна состојба одеднаш роди дете. Жената пред 14 години учествувала во инцидент во кој таа речиси се удавила во вода по што паднала во кома.

Болничкиот персонал не знаел дека е бремена сè додека таа не се породила.

Медицинските сестри забележале нешто чудно кога пациентката почнала да стенка во креветот. Полицијата веднаш се посомнева во силување и почна истрага, а целиот машки персонал во болницата бил принуден да даде примерок од ДНК.

Треба да знаете
Последни објави