Search

Европа призна дека пиеме полошо пиво од нивното

Европска комисија конечно призна дека јадеме храна со полош квалитет од нивната. Пред извесно време усвоен е извештајот од истражувањето кое го спроведе хрватската европратничка Билјана Борзан за различниот квалитетна храната. Извештајот е усвоен со 464 гласа за, 69 против и 17 возджани. 

Свинска шунка од познат производител која е направена од пилешко месо, нутела која наместо шеќер има вештачки засладувач и недопечени наполитанки се само дел од производите кои им се придружија на сите досегашни кои од еден ист производител се прават за различни пазари.

Токму различните производи беа причина европарламентарката Билјана Борзан да организира истражување со кое се докажа дека еден ист производ се прави различно за два различни пазари.

Ова е продолжение на претходните студии на Чешка и Словачка кои покажуваат слични резултати. Најнов е случајот со свинска шунка во Чешка. Кога се направени испитувањата утврдено е дека во неа наместо свинско месо како што стои на декларацијата, производот содржи пилешко. Потрошувачите постојано се жалат дека разлики исто така има и во автомобилите, земјоделските производи, детергенти и слично. Моето истражување потврди дека јадеме различна храна за разлика од останатите европски земји- вели Билјана Борзан.

Истражувањето таа го работеше во соработка со Хрватската агенција за храна. Истото докажа дека имало разлики не само меѓу прехранбени производи, но, и кај детергенти, паста за заби, гелови за туширање.

Истражувањето започна пред две години. Тогаш еропратеничката Билјана Борзан го започна со третирање на 27 производи. Беше спроведена анкета меѓу 800 граѓани и тие одлучија кои производи сакаат да бидат во групата за тестирање на квалитетот меѓу хрватски и германски пазар. „Јакобс кронат голд кафе“, „Кока кола“, „Браво“ сок од портокал, „Хајнекен“ пиво, „Милка чоколада“ со лешник, „Монте“ млечен десерт, „Вуди“ виршли се само дел од намирниците кои се испитуваат од страна на Хрватска со цел да докажат дека евроспките и нивните граѓани не јадат иста храна. Освен храната се испитуваше и „Ариел“ прашокот, омекнувачот „Силан“ но и „Колгејт“ пастата за заби и „Нивеа“ гелот за туширање. Новите производи влегоа во групата на овошен јогурт од јагода на Даннон, „рама“ маргарин, „киндер“ јајце, сос „балила“ за тестенини, инстант кафе „Јакобс“, „Пепси кола“ и „Спрајт“ за кои од почеток се знаеше дека се дел од испитувањето.

За разлика од претходните студии кои се спроведени во Словачка и Чешка, Борзан за прв пат ги вклучи и детергентите и некои средства за лична хигиена, бидејќи и на тие  се пожалиле потрошувачите. Нејзиното истражување покажа дека 64 отсто од граѓаните сметаат дека детергентите и средствата за чистење драстично се разликуваат од квалитетот на пазарите во Западна Европа.

Словачка и Чешка се двете држави од ЕУ кои први сака конечно да се стави крај на продажбата на исти производи со различен квалитет во различни држави. За нив тоа е “нечесно искривување” на единствениот пазар. Бараат од големите компании во прехранбената индустрија и супермаркетите да прекинат да продаваат верзии со лош квалитет на познати брендови.

Валентина Ангеловска

Треба да знаете
Последни објави