Search

Во Јемен на секои 10 минути умира по едно дете

Фотографии од ужасот во Јемен го обиколија светот. Војната беснее, а милиони луѓе умираат од глад и болести. Околу 14 милиони луѓе се на работ на глад, а за 22 милиони е неопходна хуманитарна помош. Најмногу страдаат најмалите. Над 85.000 деца помлади од пет години умреле од неухранетост, за време на тригодишната војна. Во Јемен, според податоците на Уницеф, на секои десет минути умира по едно дете.

Во болницата Ел Шаба, за која велат дека е најдобрата детска болница во Сана, на секој кревет лежат по четири деца.
Сите кои ќе ги доведат своите деца се исплашени и нетрпеливи.

На одделението за интензивна нега се наоѓаат деца кои боледуваат од неухранетост, менингитис, колера, туберкулоза и воспаление на белите дробови. Тоа се смртоносни болести во оваа земја, бидејќи нема лекови, а нема ни храна.

Тринаесетгодишно девојче, кое со родителите избегала од војната, боледува од туберкулоза и има само 16 килограми. Како што пренесуваат медиумите, таа вели дека нема пари, ниту лекови, а дека многу ја болат стопалата.

Во Јемен е уништена инфраструктурата, водоводната мрежа и канализацијата, а поради ситуацијата во здравството, ОН ситуацијата во таа заливска земја ја прогласи за една од најлошите хуманитарни катастрофи на модерното време.

Треба да знаете
Последни објави