Search

Почетино: Повредата на Кејн не е повод да купуваме нови играчи

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино е на мислење дека повредата на Хари Кејн нема да влијае на претставувањето на тимот, откако не гледа потреба од засилување во нападот со нови играчи.

– Она што се случи со Хари, не ги менува нашите планови за трансфер прозорецот. Сметам дека тоа е одлична можност за младите играчи да играат повеќе, да се докажат. Сигурен сум дека играчите од нашата академија ќе ги покажат своите квалитети, изјави Почетино.

Аргентинецот смета дека повредата на голгетерот на „петлите” не може да се користи како оправдување во следните дуели на тимот.

– Одлично знаеме што значи да располагаш со Хари Кејн, но ние имаме добар состав и неговото отсуство не може да биде оправдување. Во следниот натпревар треба да излеземе против Фулам, а и во вториот полуфинален судир против Челзи, како да можеме да победиме секој тим, тврди Аргентинецот.

Треба да знаете
Последни објави