Search

Спасувачка операција на пет македонски скијачи и сноубордери во Пирин

Спасувачка операција на пет македонски скијачи и сноубордери во Пирин

Петмина македонски државјани, скијачи и сноубордери, кои скијале надвор од назначени локации паднале во провалија. Операцијата за спасување се одвива вечерва во Пирин од страна на Дамјанишка долина, пренесува бугарски БГНЕС од Благоевград.

Сигналот за помош бил доставен до Планинската спасувачка служба во Банско. Околу 20 часот вечерва десет спасители ја извршуваат акцијата за спасување на луѓето во планината.

– Сите пет македонски државјани се во добра форма. Повикувачите се локализирани, нема опасност за нив, уверуваат спасителите.

Во петокот во лавината над Банско двајца сноубордери ги загубија животите. Лавината падна на врвот Тодорка

Треба да знаете
Последни објави