Search

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови наместа со остатоци од снег на коловозот

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови наместа со остатоци од снег на коловозот, а врнежи на снег со променлив интензитет има на целата територија на Македонија, информираат од АСМС.

Од Авто мото-сојузот на Македонија посочуваат декаа забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево, преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид, преку планинскиот премин Пресека, планинските премини Ѓавато, Буково и Плетвар, Струга – граничен премин Ќафасан, како и на патниот праевец Тетово – Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, додаваат оттаму, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15 ноември 2018 година стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.

Треба да знаете
Последни објави