Во Австрија пронајдени уште две тела, има и исчезнати под лавината

Како што јавија синоќа австриските медиуми, пронајдени се телата на девојка и момче по кои се трагаше од неделата, на местото Абтенау.

Во прашање се 23-годишна девојка и нејзиниот 28-годишен партнер, кои се пронајдени на патот на лавина што ги исфрлила. Телата биле затрупани од снег во висина од два метра.

Трагањето по нив беше отежнато бидејќи на подрачјето каде што исчезнаа се заканува опасност од нова лавина, па во еден момент потрагата беше стопирана за да не биде загрозен животот на спасувачите.

Илјадата луѓе и понатаму се наоѓаат на австриските Алпи, а на подрачјето се трага по уште двајца туристи.

„Поради опасноста на ситуацијата, за жал, мораме да ја прекинеме потрагата. Последно што сакаме е мртов спасувач“, изјави шефот на локалната спасувачка служба.

Според последните информации, вкупно 10 лица загинаа на Алпите, а меѓу загинатите во Австрија има тројца Германци.

Треба да знаете
Последни објави