Search

(Видео) Путин за Божик пукаше со топ

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска пукаше од топ „Д-30“ за време на свечена церемонија на Петропавловската тврдина во Санкт Петербург. Путин за време на посетата разговараше со студентите од Военото училиште.

Рускиот претседател претходно присуствуваше на богослужба во катедралата Преображение во Санкт Петербург, каде што неговата мајка го крстила во тајност за време на советската ера.

Во Москва, поглаварот на Руската Православна Црква, Патријархот Кирил, ја предводеше толпата од православни верници во катедралата на Христос Спасителот. На оваа богослужба присуствуваа рускиот премиер Дмитриј Медведев и неговата сопруга Светлана.

Треба да знаете
Последни објави