Search

Формирана нова палестинска политичка опција

Пет палестински политички групи фомираа нов блок, чија идеја е да претставува конкуренција на умереното движење Фатах (Победа) на палестинскиот претседател Махмуд Абас и на радикалното Исламскo движење на отпорот (Хамас).

Лидерите на петте движење денеска на прес-конференција најавија дека блокот ќе се вика Демократски клуб и ќе се залага за одржување претседателски и парламентарни избори на палестинските територии, како и за заштита на човековите права на Палестинците.

Последните избори на палестинските автономни територии се одржани во 2006 година, на кои најмногу гласови освои Хамас, но претседателот Абас, кој на функцијата беше избран една година претходно, формира влада на неговото движење Фатах со неколку помали партии.

Во 2007 година Хамас презеде контрола врз Појзаот Газа, а Фатах ја задржа управата врз Западниот Брег. Поради спорот меѓу двете водечки палестински движење, изборите на палестионските автономни територии беа одложени на неопределно време.

Во октомври 2017 година Фатах и Хамас постигнаа договор за формирање влада на национално единство и за одржување нови претседателски и парламентарни избори до крајот на 2018 година, но договорот пропадна поради несогласувања меѓу двете движења. Сите следни напори за нов договор беа не успешни.

Треба да знаете
Последни објави