Search

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Невенчаниот сопруг на Царовска добивал милионски тендери

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, не го пријавила сиот имот, како и дека нејзиниот невенчан сопруг повеќе пати досега добил милионски тендери.

„Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, крие дел од имотот, според фактите кои ги обелоденуваат медиумите. Царовска, како што е објавено живее заедно со нејзиниот невенчан сопруг, Горан Георгиев, а во својот анкетен лист го нема пријавено имотот на истиот. Во анкетниот лист на Царовска е наведен нејзиниот личен имот и имотот на нејзините родители, имотот на нејзиниот брат, меѓутоа го нема и имотот на нејзиниот невенчан сопруг“, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што изјави Маја Славева, според законските прописи, односно чл.13 од Законот за семејство, заедница на живот на маж и жена која не е заснована во согласност со одредбите на овој закон и која траела најмалку една година, е изедначена со брачната заедница во поглед на правото на меѓусебно издржување и имотот стекнат за време на траењето на таа заедница.

„Според информациите Царовска е во вонбрачна заедница со Георгиев, со кого има и дете, заедница која според македонските закони е рамна на брачната заедница кога се работи за имот и други права стекнати ззаеднички. Невенчаниот сопруг на Царовска, Георгиев, е неколкукратен добитник на милионски тендери од институции со кои раководи СДСМ. Како што објавија медиумите фирмата на неформалниот сопруг на Царовска добила 1.5 милиони денари на име набавка на дронови“, рече Славева.

Таа прашува дали милионските тендери се причината поради која Царовска не го пријавува имотот на нејзиниот невенчан сопруг?

„Според чл. 81 од Законот за сопственост и други стварни права имотот кој вонбрачните другари ќе го стекнат во вонбрачна заедница се смета за нивен заеднички имот. Царовска во спротивност со законот не го прибележала имотот на нејзиниот вонбрачен другар, па дури ни тој кој како што објавуваат медиумите е стекнат додека се во заедница“, рече Славева.

Треба да знаете
Последни објави