Search

Уапсен убиецот од Кичево

Жител на гостиварското село Ќафа е осомичен дека го убил сопственикот на кафеаната „Гурман“ во саботата во Кичево, соопшти МВР.

Станува збор за Х.Ј.(47) против кого надворешната канцеларија за криминалистички работи при полициската станица од Кичево, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава за убиството.

Според полицијата, убиството се случило на 29.12.2018 околу 17  часот во угостителскиот објект „Гурман“, на улицата Борис Кидрич во Кичево. Тогаш Х.Ј. со неколку убоди со нож го пробол во градите М.С.(64), сопственик на објектот.

Убиецот е предаден на распит во Основното јавно обвинителство во Гостивар, а потоа ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.

 

Треба да знаете
Последни објави